
За нас
Компанијата ВЕКТОР про ДООЕЛ Скопје е во приватна сопственост. Сопственик и управител на компанијата е г-дин Златко Спасоски. Седиштето и производствениот погон се наогаат во н.Волково а изложбениот салон се наога на ул.Варшавска бр.1 (во зградата на Настел Тафталиџе Карпош )
По 10 години успешно работење на пазарот во изложбениот салон кој се наоѓаше на бул.Партизански одреди 70 б во д.ц.Алумника во Карпош , на 16 јуни/2021година во присуство на своите деловни партнери, соработници и клиенти свечено се отвори новиот салон на ул.Варшавска бр.1 во зградата на Настел, Тафталиџе.
Изложбениот салон е одлично уреден и е лесно достапен, со изложбен простор од околу 100 метри квадратни во кои клиентите можат да ги погледнат изложените производи. Тука се прозорските системи со класично отварање, до оние кои ги исполнуваат строгите барања на пасивните објекти, како и системи за лизгање – подигачко лизгачки системи кои се одликуваат со минималистички дизајн и супериорни карактеристики. Секако тука може да се погледне и широк избор на влезни сигурносни врати за куќи или станови, кои покрај основната функција се дизајнирани да го оплеменат просторот и да дадат сосема нова димензија на сечиј дом.
Ние како тим со идејава за овој простор настојуваме да ги доближиме и ставиме на дофат сите свои адути со кои настапуваме на пазарот и на едно место да ја имаме речиси целата понуда „во прво лице”.
Сите типови на ситеми и производи се достапни во боја со основен материјал до ситеми и производи изработени во специјани бои Spectral -производи од програмата Ексклузива.
Желбата, довербата, барањата и потребите на клиентите претставува централна ориентација и главен фокус на нашиот бизнис. Флексибилноста и кастомизираните решенија на дел од производите е наша силната страна , што не прави и лесно прилагодливи на индивидуалните барања на нишите клиенти. Притоа, ние како компанијата ги почитуваме барањата во однос на контролирано и квалитетно производство, навремена услуга и постпродажен сеопфатен сервис.
Долгите години успешно работење на пазарот е резултат и микс на взаемна доверба, почит, пријателски негуван однос со клиентите и добавувачите и општествено одговорен однос кон заедницата. Од тука, целта на новотворениот салон е да се создаде место и простор каде ќе се пресретнат решенијата на нашиот тим и барањата на клиентите.
Секогаш кога имате нов проект, правите реконструкција на стар објект или градите нов објект, посетете го салонот а таму ќе најдете специјализиран тим за поддршка на клиенти, секогаш подготвен да го најде технички најдоброто решение.
Основна дејност на компанијата е производство и вградување на
- Пвц прозорци и врати
- Сигурносни врати
- Влезни врати за во куќа
- Алуминиумска столарија за деловни објекти
- Пвц и алуминиумски ролетни
- Комарници
Општествена одговорност на компанијата
Во Вектор про веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која делуваме.
Одговорното работење, грижата за нашите вработени, заедницата и животната средина во која опстојуваме се исклучително важни сегменти од стратегијата на нашата компанија. Посветено работиме на развој на мултидимензионална програма за општествена одговорност која покрива широк спектар на области во и вон компанијата. Со тоа ја исполнуваме нашата визија, да оставиме значаен белег врз заедницата, но и да бидеме добар корпоративен граѓанин и компанија за пример.
Техничка опременост на компанијата
- Машини и опрема за призводство на сигурносни врати
- Машинаска линија за прозводство на пвц и алу.прозорци и врати
- Товарни и патнички возила
- Опрема и програми за деловна и административна евиденција
Локација на изложбен салон: ул.Варшавска бр.1 (во зградата на Настел Тафталиџе Карпош )