
Прозори и врати
SOFTLINE 82 MD
Иновативен систем за заштеда на енергија кој ги исполнува барањата на иднината
SOFTLINE 82 ги задоволува сите барања за безбедност, функционалност и топлинска изолација.
Геометрискиот профил на овој иновативен систем е термички засилен и гарантира оптимална топлина изолација.
Благодарение на уникатниот VEKA квалитет и дебелината на ѕидот на профилот во класата А според сертификатот RAL, системот SOFTLINE 82 обезбедува
оптимална стабилност дури икај големите елементи како што се стаклени ѕидови кои мора да ги задоволуваат високите статички барања.
Елегантен дизајн за најдобра топлинска изолација.
Системот SOFTLINE 82 благодарение на елегантниот дизајн на профилот пропушта голема количина светлина во просториите, но сепак е многу економичен. Благодарение на високата стабилност на системот и неговата врвна топлинска изолација, можно е да ги поврзе барањата на модерната архитектура
за големи стаклени површини и максимална енергетска ефикасност.
Во однос на формата и бојата системот SOFTLINE 82 не поставува ограничувањата за Вашата креативна слобода.
Функционалност
Карактеристики на профилот:
- Иновативен повеќекоморен систем (7 коморен) со основна длабочина на вградување од 82mm за врвна топлинска изолација
- Коефициент на пренос на топлина дури и до Uw = 0,67 W / (m²K) со користење на термо стакло со Ug = 0,4 W / (m²K)
- Три нивоа на заптивање безбедно ги заштитуваат и од ниски и високи температури, промаја и влага
- Врвни VEKA профили според највисоки RAL стандарди за квалитет- класа А според DIN EN 12608
- Трослоен стакло пакет 44мм високоенергетско , нискоемисоно стакло исполна со аргон
- AGB (Италија) оков е оков кој спаѓа во групата полусигурносни окови и тоа со сигурност го извојува и му дава предност во однос на друг тип на оков.
- Можност за избор на сите бои од RAL палета , можност за поставување и алуминиумски облоги и SPECTRAL Бои

VEKA SOFTLINE 76 MD
Класичен дизајн со врвни перформанси.
Кога станува збор за топлинска изолација на објект прозорците и вратите се најважните фактори. Со правилно користење на голем број мерки може да ги искористите најголемите енергетски потенцијали.
VEKA профилите подразбираат спроведување на стандарди и пропишани законите за топлинска изолација како за нова градба, така и за реновирани објекти.
Исто така многу лесно се постигнуваат високи стандарди, утврдени со новите правила за заштеда на енергијата (EnEV).
Од прозорецот денес се очекува многу повеќе: тие мора да заштедат скапа енергија, да обезбедат пријатна атмосфера и заштита од бучава.
Покрај тоа, тие мора да бидат убави и да гарантираат максимална безбедност и оргинален дизајн, како и долготрајна функционалност што ја зголемува вредноста на вашиот имот.
SOFTLINE 76 MD е иновативен VEKA профилен систем кој ќе ги исполни сите ваши барања и желби.
И дизајнот и квалитетот се изработени со голема грижа и знаење, така да со овој систем со децении ќе бидете во добивка.
Функционалност
Карактеристики на системот :
- Повеќекоморен (6) профил со вградена длабочина од 76 мм
- Елегантни благо заоблени контури
- Врвен VEKA профил според највисоки RAL стандарди за квалитет – класа А според DIN EN 12608
- Ефективна тероизиолација по современи и пропишани законските барања за заштеда на енергија
- Изолација на рамката Uf = 1,1 W/m2K (во зависност од стаклото):
– Uw = 0,95 W/m2K со стаклопакет Ug=0,7 W/m2K
– Uw = 0,75 W/m2K со стаклопакет Ug=0,4 W/m2K - Дебелина на ѕидот на профилот 3 mm во согласност со највисокиот RAL стандард за квалитет
- Трослоен стакло пакет со дебелина на застаклување 38мм високоенергетско, нискоемисионо стакло исполна аргон
- AGB (Италија) оков е оков кој спаѓа во групата полусигурносни окови и тоа со сигурност го извојува и му дава предност во однос на друг тип на оков.
- Челични засилувања според упатствата за зајакнување на VEKA
- Tри нивоа на заптивање безбедно ги заштитуваат

VEKA EFFECTLINE
Класичен и модерен систем…
Системот EFFECTLINE е произведен со користење на најсовремена технологија, но сепак е многу економичен.
Уште еднаш компанијата VEKA AG произведува профил од врвен квалитет во согласност со трендовите на пазарот, што подразбира издржливост, сигурност и зачувување на енергетската ефикасност.
Профилните системи на VEKA со нивниот квалитет ги надминаа строгите германски стандарди.
Поради дебелината на надворешните ѕидови во класата А и стабилната конструкција на профилот, прозорците се издржливи и цврсти на споевите.
VEKA е посебен не само поради квалитетот на профилот.
Во својот асортиман оваа компанија нуди широк спектар на системи кои се меѓусебно компатибилни. Планерите, архитекти и изведувачите во градежништво имаат на располагање практично неограничен број на можни решенија за дизајн, како и единствен логистички систем за испорака, сеопфатна услуга, професионална изработка и вградување.
Функционалност
Карактеристики на системот :
- 5-коморен профил со вградена длабочина од 70 мм
- Врвен VEKA профили според највисоки RAL стандарди за квалитет – класа А според DIN EN 12608
- Оптимална термичка изолација Uw = 1,3 W (m2K) во стандардно стакло со Ug = 1,1 W (m2K)
- Челичното зајакнување во касата и крилото на прозорците ни гарантира статичка сигурност и долготрајна функционалност.
- Термопан двослоен стакло пакет високоенергетско или нискоемисионо стакло исполна аргон , застаклување од 24 мм
- AGB (Италија) оков е оков кој спаѓа во групата полусигурносни окови и тоа со сигурност го извојува и му дава предност во однос на друг тип на оков.
- Систем со две нивоа на заптивање во модерни светли бои штити од ниски и високи температури, ветер и влага.
- Лесно одржување благодарение на мазната површина
- Моќност, долготрајна функционалност и сигурност

Карактеристики на
VEKA профилот
Термоизлоација
Стабилни повеќенаменски системи со одлични излоациски карактеристики.
Естетика
Високо квалитетниот PVC профил е отпорен на влијанието од надворешната средина, мазната површина е во бела боја и дезен по желба.
Трајност и квалитет
VEKA профилите се направени од високо квалитетен PVC сигурен и исклучително издржлив материјал.
Безбедност
Употребата на специјално појачување обезбедува структурна стабилност.