Сигурносни врати

Вектор про изработува врати во сопствен погон по точни димензии земени од објект . Сите врати се изработуваат според стандарди за квалитет и безбедност. Висококвалитетните материјали кои се користат при изработка како и сигурносниот систем се едни од основните карактеристики по кои сме препознатливи, како и можноста која ја нудиме да изработиме врата според Вашите барања не извојува и не прави поразлични и подостапни.

Сигурносните врати покрај висококвалитетните материјали од кои ги изработуваме имаат и посебен дизајн, ДИЗАЈН НА ВАШИОТ СТИЛ.

Секој ке добие изработена врата согласно своите барања. Можноста која ја нудиме да одберете боја на каса, боја на крило како и апликативна резба е одлична можност за да ги задоволиме вашите барања и да ја добиете вратата која одлично ке се вклопи во вашиот Дом.

Сигурносните врати се дефинирани по модели и се разликуваат по системи на заклучување, надворешниот изглед на вратата може да се изработи на било кој од моделот по сигурносен систем кој ке го одберете.

СИГУРНОСНА ВРАТА МОДЕЛ STANDARD

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 30Х20
  • внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполна тврдо пресуван тервол d=30mm
  • термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пуктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двострано обложена со мазна оплеменета иверка = 16мм или обложена со фурниран медијапан =16мм со апликативна резба и боја по избор на нарачателот, при што на располагање е широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др.)

Во вратата е вградена брава Kale (Турција) и цилиндар ABUS(Германија).

Забравувањето е со сигурносниот систем е на 3 точки кај бравата.

Металниот довратник е изработен од апкантуван декапиран лим = 2,00мм електростатски фарбан.

Во основниот облик на сигурносната врата е вградено магично око 160°, рачките и розетните можат да бидат од матиран хром , елементи се производ на Securemme (Италија).

3 точки на заклучување

СИГУРНОСНА ВРАТА МОДЕЛ CLASSIC

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 20Х40
  • внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполна тврдо пресуван тервол d=40mm
  • термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пуктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двостран обложена со мазна оплеменета иверка = 16мм или обложена со 16мм фурниран медијапан апликативно резба,
    бојата и апликативната резба е по избор на нарачателот при што на располагање се широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др.)

Во вратата е вграден сигурносен систем Iseo-Италија и кодиран заштитен цилиндар ABUS -Германија за еднострано забравување.

Забравувањето е во 5 точки кај бравата , горе вертикално 1 точка и од задната страна (кај шарките ) 3 точки фиксни болтови.

Фиксните болтови со самото затворање влегуваат преку касата директно во ѕидот.

Металниот довратник е изработен од апкантуван лим≠2мм, електростатски фарбан во боја по избор на нарачателот.

Во основниот облик на вратата е вградено магично око со видно поле од 160⁰, рачките и розетните можат да бидат од матиран хром.

Овие елементи се производ на Securemme-Italia.

 8 точки на заклучување

Сигурносна врата модел Concept

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 20Х40  внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполнатврдо пресуван тервол d=40mm
  • термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пунктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двострано обложена фурниран медијапан = 16мм, бојата и апликативната резба е по избор на нарачателот, при што на располагање се широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др. ) како и апликации на резби

Во вратата е вграден сигурносен систем Securemme (Италија) модел 2530, за повеќестрано забравување со касови клучеви и точкасто кодиран цилиндер ABUS(Германија).

Забравувањето со сигурносниот систем е на 5 точки кај бравата, на 2 точки ниско долу странично со девијатор, горе вертикално на 1 точка
и од задната страна (кај шарките) на 3 точки со фиксни болтови.

Фиксните болтови со самото затворање на вратата влегуваат преку касата директно во ѕидот.

Металниот довратник е изработен од апкантуван декапиран лим ^2,00мм електростатски фарбан во боја по избор на нарачателот.

Во основниот облик на сигурносната врата е вградено магично око со видно поле од 160°, рачките и розетните можат да бидат од матиран хром.

Овие елементи се производ на Securemme (Италија).

12 точки на заклучување

Можност за избор на боја и апликативна резба:

МЕТАЛНА КАСА - КАСА СО МЕДИЈАПАНСКИ ПЕРВАЗ

Прилагодлива димензија на каса согласно длабочината на ѕидот.

Боја на метална каса:

RAL 7016 – antrazidgrau

RAL 8017 B – brown

RAL9003 white