Останато

Алуминиумска столарија за деловни објекти

Алуминиумската столарија со своите особини ги задоволува високите стандарди на денешниот пазар за квалитетна столарија која бара минимално одржување.

Алуминиумскиот профил со својата цврстина осигурува статичка стабилност на вградените елементи, доста се лесни, со самото тоа тој е сигурен и има долг век на траење .

AlUMIL Системски профил без термоизолација

Алуминиумски системи без термомост со мала широчина на профилот.

Основните карактеристики на специфичен систем се следните:

  • Широчина на крило 52мм и на рамка 45мм
  • Носивост на профилот до 130 кг по крило
  • Широчина на застаклување до 32мм
  • Отпорноста на инфилтрација на воздух и вода овозможено од страна на трите нивоа на заптивање со гума
  • Широк спектар на бои и текстури

Alumil - Системски профил со термоизолација

Алуминиумските системи со термомост со зголемени перформанси по однос на топлинска и звучна изолација.

Основните карактеристики на специфичен систем се следните:

  • Широчина на крило 70мм и на рамка 62мм
  • Носивост на профилот до 130 кг по крило
  • Добра звучна изолација над 52 db со три нивоа на заптивање на гума
  • Широк спектар на бои и текстури
  • Вметнат термомост со широчина од 24мм се постигнува коефициент на топлопроводливост од (Uf=2.5 W/m2k)

Ролетни

Надпрозорска ролетна VEKA VARIANT

Карактеристики на системот

  • Современ систем на три-димензионални вградени кутии.
  • Поставување на кутијата надпрозорецот од внатрешна страна со тоа што од надворешната страна на објектот се гледаат само ламелите.Кутијата на ролетната е термички фабрички подполнета за комплетна изолација.
  • Коефициент на топлинска пропустливост: Usb = 0,76 W / m².K
  • Лесен пристап од внатрешната страна во случај на сервисирање.
  • Поставување на кутија и ламели во иста боја како и прозорците .
  • Ламелите се алуминиумски со изолација во боја по избор на нарачателот .
roletna-veka-variant

Алуминиумска надворешна ролетна

Алуминиумска ролетна е предпрозорски систем, идеално решение за веќе завршени објекти.

Едноставна монтажа, брза и чиста, едноставно сервисирање од надворешната страна,термичка изолација и избор на бои.

Можност за вградување на комарник, кој се вградува од надворешната страна на ролетната.

Системот е изработен од високо квалитетни алуминиумски делови. Алуминиумските ролетни се најквалитетни и најтрајни ролетни што ги има на пазарот.

Во својата внатрешност алуминиумските ролетни се исполнети со полиуретан-со тоа се овозможува подобра термичка и звучна изолација.

Надворешно офарбани со специјални електростатски бои кои се со долг век на траење.Системот на кој се поврзани лајсните на ролетната не дозволува тие да се изместат со што се избегнува заглавување на ролетните.

Тип на ракување:

  • Мануелно
  • Со прекинувач
  • Со далечинско

Пвц надворешна ролетна

Пвц ролетните се предпрозорски систем на ролетни кои се поставуваат пред прозорецот – од надворешната страна ,Во внатрешноста на ламелите нема дополнително изолација и затоа пвц ролетните кога се поставуваат на објектот не очекуваме да обезбедат дополнително изолација.
Пвц ролетните најчесто се поставуваат во боја бела .

Тип на ракување

  • Мануелно

Комарници

Како дополнување на програмата на надворешна столарија нудиме комарниците кои се поставуваат во вид на мрежа на прозорците и вратите во вашиот дом.
На тој начин се овозможува спречување на влез на инсекти.

После поставувањето на комарниците прозорците или вратите може непрекинато да се отвараат или затвараат.

Рамката на комарникот се изработува од алуминиум а мрежата од стаклени влакна, односно фиберглас. Фибергласот има голема опторност на надворешни влијанија, со што се зголемува векот на траење. Овие комарници обезбедуваат стопостотна ефикасност во спречување на влез на инсекти.

Тип на комарник

Фиксен комарник

Роло Комарник

Плисе комарник