Усогласете ја бојата на прозорците со ентериерот во вашиот дом.

 

Прозорците играат важна улога во секој дом  обезбедувајќи поглед, светлина, топлина како и архитектонски карактер. Тие претставуваат посебен дизајнерски елемент кој може да се користи за дополнително подобрување, разубавување и давање сосема нов изглед на просторот.

Повеќе од 50 години, компанијата VEKA развива и произведува системски профили изработени од ПВЦ материјал кои ги задоволуваат највисоките барања за естетика и функционалност – исклучиво со највисок квалитет RAL класа А според DIN EN 12608. Тоа значи совршенство до последен детал кој отвора нов простор за планирање и дизајн.

Денес, профилите во боја VEKA претставуваат повеќе од 50% од нашето вкупно производство, бидејќи клиентите сè повеќе избираат прозорци во боја за да ја изразат својата креативност и да добијат уникатен изглед на куќа или станот. Боите му даваат на просторот чувство на удобност и топлина.

Прозорците во боја  се многу популарни. Тие им даваат посебен шарм на објектите, а ви даваат  и можност на просторот да му дадете свој личен печат. Благодарение на новата технологија која обезбедува и стил и енергетска ефикасност, како и новите трендови во внатрешната и надворешната декорација, современиот дизајн на прозорците VEKA е ограничен само со имагинација.

Многу е лесно да се постави индивидуални акценти преку дизајнот на бојата на прозорците – особено со ПВЦ прозорци. За оваа намена е достапен широк спектар на опции за површини. Покрај стандардната бела боја и докажаните украсни фолии во трендовски бои, металик бои и дрвени декори, нудиме ексклузивни дизајнерски површини VEKA SPECTRAL кои дополнително го прошируваат опсегот на бои на VEKA прозорците и вратите.

Дали знаевте дека прозорците не мора да бидат со иста боја однадвор и внатре? Така, се добиваат уште многу комбинации на бои на прозорци. Значи, внатрешноста на вашите прозорци може да се разликува од надворешната, т.е. можете да имате прозорци во една боја или различни бои внатре и надвор. Има толку широк спектар на можности за дизајн што прозорците хармонично се вклопуваат во секој ентериер и архитектура и фасада на која било зграда.

Поради исклучителниот квалитет на боите, кои се многу стабилни и отпорни на различни временски влијанија, прозорците стануваат висококвалитетни дизајнерски елементи прилагодени на секој архитектонски стил. Без разлика што ќе одберете, сите наши површини се лесни за чистење и со грижа и одржување ќе траат и ќе останат убави многу години.