При изградба или реновирање на деловен или приватен простор, изборот на врати и прозорци е особено важна задача. Столаријата треба да исполнува голем број важни критериуми за да финансиски трошок биде целосно профитабилен. Целта е просторот да биде удобен, пријатен и да ги исполнува сите естетски барања, да одговара со фасадата и надворешноста на објектот, но и со внатрешното уредување на просторот каде живееме или работиме. Затоа, важно е да се набави столарија која е функционална, практична, квалитетна, издржлива, но и модерна во поглед на дизајнот, бојата и материјалот.

Топлинска изолација
Топлинската изолација е клучен фактор за енергетската ефикасност на прозорците и вратите. Висококвалитетната изолација спречува загуба на топлина во зима и влез на топлина во лето. Прозорците и вратите со висока топлинска изолација користат материјали кои го намалуваат преносот на топлина. Исто така важно е да се внимава и на начинот на вградувањее на столаријата односно на квалитетот на поврзување помеѓу рамката на прозорецот/вратата и ѕидот за да се спречи продирање на воздухот.
Дихтување
Доброто заптивање е од клучно значење за енергетската ефикасност на прозорците и вратите. Лошото заптивање може да резултира со протекување воздух, губење на топлина и навлегување на влага. Квалитетната заптивна гума поставена по должината на рабовите на прозорецот/вратата обезбедува добро затворање и го спречува несаканиот проток на воздух.

Двослојно или трослојно застаклување ?
Прозорците и вратите со трослојно стакло обезбедуваат подобра топлинска изолација во споредба со прозорците со двослоен стакло пакет. Овие панели се состојат од повеќе слоеви стакло со поврзани со воздушно затворен простор меѓу нив. Оваа херметичка комора го намалува преносот на топлина и ја подобрува енергетската ефикасност.Тројните стаклени панели исто така ја намалуваат кондензацијата доколку се изработат како стакло пакет со пвц дистанцер и секако ја намалуваат и бучавата од надворешната средина.Стаклото со ниска емисија (Low-E) е обложено со тенок слој од проѕирен материјал кој го намалува преносот на топлина и УВ зрачењето. Оваа обвивка ја рефлектира топлината назад, задржувајќи ја топлината внатре во просторот во текот на зимата и го спречува влегувањето на топлина во текот на летото. Застаклувањето на прозорците и вратите со нискоемисионо стакло значително придонесува за енергетска ефикасност.
Совети за избор на енергетски ефикасни прозорци и врати.
Проверете ја енергетската ефикасност на производите споредсертификатите. Секогаш одбирајте системски профили РАЛ Класа А Размислете за двослоен или трослоен стакло пакет со нискоемисионо стакло за подобра изолација. Изберете прозорци/врати РАЛ Монтажа за да спречите пренос на топлина и добра поврзанос помеѓу системскиот профил и ѕидот. Обрнете внимание на квалитетот на заптивање/дихтување и погрижете се заптивките да се интегрираат во самиот системски профил. Размислете за користење на сензори за отворање/затворање на прозорец за да се намали загубата на енергија.
Одберете системски профил VEKA -Квалитет, доверба , сигурност.
VEKA -Енергетско ефикасен системски профил.

