ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ ДА ГО РЕНОВИРАТЕ СТАНОТ ?

Реновирањето на стан секогаш вклучува сериозно планирање, пресметка, размислување за квалитетот и издржливоста на материјалите. Дополнително, многу е важно работите да се изведуваат во правилен редослед, за да не трошиме пари и време на преработка.

Прозорците и вратите се еден од најважните елементи на секоја зграда или куќа, а претставуваат и голема инвестиција, па затоа е клучно која столарија ќе ја изберете. Потребна е консултација со производителите на столарија и да се процени кои профилни системи и стакло се соодветни за одреден простор и поради оваа причина се земаат предвид и различни параметри, како што се бројот на катови, дали станот е на сончевата страна или не, дали е во мирна или бучна населба, каков тип на греење се користи во просторот итн.

Прозорците не треба да се избираат само по цена, за да се заштеди, туку да се инвестира во квалитет, бидејќи подоцна сами ќе си ги плаќаат преку намалени сметки за парно во зима и ладење во лето. Сепак, најважно е се што правите во однос на реновирањето да биде во согласност со вашите желби, потреби и средства.

За добра изолација и температура во станот, треба да изберете соодветни ПВЦ прозорци. ПВЦ е најсоодветен материјал, бидејќи има многу низог коефициент на топлинска проводливост . Тие исто така  ќе ви обезбедат дополнителна звучна изолација, особено ако се наоѓате во бучна населба. Задолжително консултирајте се со искусни производители на столарија пред да донесете одлука за да го направите најдобриот избор, бидејќи пресметката покажала дека најголемата количина на енергија во станот се губи токму од прозорците и вратите. Тие претставуваат еден од клучните фактори за правилно функционирање на нашиот дом, како целина која е еколошки, енергетски одржлива, здрава, пријатна и безбедна.

Можете да го направите вашиот стан енергетски ефикасен простор доколку поставите ПВЦ столарија изработена во согласност со светските стандарди. Профилите VEKA се произведени од најквалитетен ПВЦ, сигурен и исклучително издржлив материјал, кој може да се рециклира речиси 100%. Специјалната технологија и постојаната контрола на квалитетот постигнуваат високо ниво на стабилност и отпорност дури и во екстремни климатски услови.