Енергетска ефикасност e извршување иста или поголема количина активности со исто или помало количеството потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата.

ШТО E ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА?

Обновлива енергија е енергијата која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермија или биомаса.

Предноста на овие ресурси е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење не ја загадува околината.

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА СТОЛАРИЈА

Прозорците, вратите и светларниците се интегрален дел од станбените објекти, прозорецот е задолжителен отвор на објектот со основна функција да пропушта дневна светлина во внатрешноста на објектот и да се овозможи природна вентилација на просториите.

Вкупните загуби низ прозорците изнесува 50% од загубата на топлина на објектот. Тие обично се десет пати поголема од загубата на топлина преку ѕидовите, поради тоа е јасно значењето на енергетски ефикасни прозорци во вкупните енергетски потреби на објектот.Енергетски ефикасни прозорци покрај намалување на трошоците за греење приднесуваат и за зголемување на удобноста на живеењето и работата.

Доколку прозорците и вратите се изработени од материјали кои не задоволуваат определени барања за квалитет и се несоодветно монтирани, можат да бидат причина на значителни топлински загуби, кондензација, мувла и лош комфор во домот.

Загубата на топлината низ прозорците е преносна , односно низ затворен прозорец и вентилација и низ отворениот прозорец. Кога ќе се собере и едно и друго преку прозорците се остварува повеќе од 50% од вкупната загуба на топлина на објектот.

Прозорци има различни видови а нивните коефициенти на топлинска проводливост се движи од 0,8 W / m2K со најдобрите прозорци со тројно стакло и гас пополнување до 3,5 W / m2K во старите дрвени прозорци. Препорачливо е дека коефициентот на целокупниот пренос на топлина да не надминува 1,8 W / m2K.

Квалитетите прозорци го намалуваат преносот на загуба на топлина, а загубите преку вентилација може да се намали со инсталирање на системи за вентилација. На тој начин се намалувааат загубите при вентилација.

ПРЕДНОСТИ ОД ПРАВИЛНО ВГРАДЕН НОВ, ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ПРОИЗВОД:

  • намалува потрошувачката на енергија и штеди пари,
  • зголемува комфорот во домот,
  • намалува кондензацијата на стаклата при студено време,
  • намалува навлегувањето на бучава.

Високо квалитетни прозорци, врати и светларници се многу поефикасни од производите пред 25 години. Тие подобро заптиваат, имаат ниска емисивност на стаклата, инертен гас или вакум меѓу стаклата и подобро изведени рамки.

Енергетски ефикасните производи го прават домот покомфорен, бидејќи нема провев, внатрешниот воздух има поголема влажност во грејна сезона, а во лето се одржува свежината.

За да им се олесни изборот на потрошувачите и да им се гарантира дека одбрале квалитетен производ веќе е практика столаријата да се сертифицира и да носи соодветни етикети кои потврдено ги декларираат нивните карактеристики.

 

СЕРТИФИЦИРАН ПРОИЗВОД КОЈ ИМА ЕТИКЕТА ЗА КВАЛИТЕТ ГИ ЗАДОВОЛУВА СЛЕДНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Двојно или тројно застаклување, со запечатен изолационен стаклен панел
  • Стакло со ниска емисивност
  • Полнење мегу стаклата со аргон или криптон
  • Ниска кондуктивност
  • Добра заптивност

 

ВГРАДУВАЊЕ НА СТОЛАРИЈА

Столаријата (прозорци, врати, светларници) треба да биде вградени од страна на стучни лица, според упатствата на производителот. Неквалитетно вградените производи (иако самиот производ е квалитетен) не функционираат правилно и може да создаде студен провев, протекување на вода, расипување на механизам и деформирање на прозорецот.

 

ЕКО КРЕДИТИ

GEFF  е програма која помага на домаќинствата да инвестираат во високо ефикасни технологии со обезбедување на финансиски средства преку локални банки партнери во Програмата , и можност за поврат на ивестицијата во висина од 15-20 % од вредноста на производите.

Производите кои се предмет на понуда на Вектро про се енергетско ефикасни и ги поседуваат сите потребни сертификати за квалитет ,енергетско ефикасен и безбеден производ .

Вектор про во соработка со банките и Програмата на ЕБОР – WB GEFF , Ви овозможува вградување на висококвалитетни енергетско ефикасни производи
со земен Еко кредит од банка и можност за поврат на инвестицијата од 15-20% од вкупната вредност .

Во просек, домаќинствата трошат речиси 50% од нивните годишни трошоци за енергија на греење и ладење.
Инвестирањето во енергетски ефикасни производи во куќа или во стан (изолација, прозори и врати, котли, топлински пумпи,
сончеви колектори / сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи, осветлување, вентилација, климатизација,
акумулационен бојлер за топла вода ја намалува непотребната потрошувачка на енергија.
На овој начин, домаќинствата имаат директна финансиска заштеда. Покрај заштедата на енергија и пари, енергетско ефикасните производите
го подобруваат животниот стандард на луѓето и ги намалуваат емисиите на стакленички гасови, како што е СО2.

На пример, доколку земеме неизолирана куќа со стари прозори која има површина од 100 м2, а куќата се грее на електрична енергија, и направиме инвестиција во топлинска изолација на надворешните ѕидови со 10cm и изолација на кровот со 20cm, а притоа ги замениме старите прозори со енергетско ефикасни, тогаш можеме да направиме финансики заштеди при греењето до 1000 ЕУР на годишно ниво.

Постаката за да ги користите бенифитите од оваа програма е многу лесна и едноставна:

Чекор 1 – Контактирате со тимот на Вектор про

По прифакање на понудата од страна на Вектор про за енегетско ефикасни прозорци и врати, Вектор про Ви доставува про фактура во која е наведен производот со цена и Geff Сертификат за енергетско ефикасен производ со Uw вредност на производот.

Чекор 2 – Апликација

Про фактурата и Geff сертификатот се поднесуваат заедно со барање за Еко кредит во банката партнер кој е дел од програмата на а ЕБОР – WB GEFF.

Чекор 3 – Исплата

Локалната банка партнер во Програмата ќе ја процени вашата подобност за финансирање според GEFF, вашата кредитна способност во согласност со внатрешните стандарди и процедури на институцијата и дали технологијата наведена во Сертификатот за подобност е наведена во Селекторот на технологија. По позитивна процена, ќе ви биде обезбедено финансирање за ја купите одбраната технологија односно по одобрување на финансиите, средствата во изност од про фактурата се префлуваат на т-сметка на Вектор про и се отвара налог за изработка на производте.

Чекор 4 – Изработка

Во предлог договоор наведен е рокот за изработка и вградување на производите , по нивна изработка се дефинира термин за вградување на производите.

Чекор 5 – Инсталација

По инсталацијата на производите Вектор про Ви доставува фактура , а вие фактурата како доказ за плаќање како и сите сертификати за пуштање во работа (ако е применливо) ке може да ги приложите кога ќе барате потврда.

Чекор 6 – Потврда – барање грант (поврат на средства)

Пополнете го формуларот за барање на потврда кој може да го добиете од вашата Локалната банка партнер во Програмата и приложете го во филијалата заедно со документите од претходниот чекор. Тимот на GEFF ќе потврди дека технологијата е инсталирана, при што може да е потребна посета и потврда на лице место.

По успешната потврда Локалната банка партнер во Програмата ќе го исплати финансискиот грант на вашата сметка.