ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ ИЗГРАДБА НА КУЌА ?

Изградбата на куќа може да биде вистинско задоволство доколку сте добро информирани за сите фази на изградба, како и за финансиските трошоци пред самиот почеток. Клучот за успехот лежи во градежното планирање. Тој го претставува првиот и најважниот чекор, бидејќи ќе ви овозможи да ја видите целата слика и да предвидите можни отстапувања од буџетот или роковите.

Така, на пример, во процесот на планирање на изградбата, можете да одлучите колку енергија ќе троши вашата куќа, па затоа обрнете посебно внимание на енергетската ефикасност. Оваа ставка ќе има директно влијание врз вашиот домашен буџет во текот на децениите на живеење во неа. Покрај градежниот материјал, важно е да се внимава и на столаријата и топлинската изолација на покривот, бидејќи тоа се местата на најголема загуба на енергија.

За добра изолација и температура во куќата, треба да изберете соодветни прозорци и врати. Тие ќе ви обезбедат дополнителна звучна изолација, особено ако се наоѓате во област каде што е многу бучно. Задолжително консултирајте се со искусни производители на столарија пред да донесете одлука за да го направите најдобриот избор, бидејќи пресметките покажаа дека најголемата количина на енергија се губи токму на прозорците и вратите.

Покрај сите прашања со кои се соочувате, почнувајќи од тоа колку чини куќата, што подразбира процесот на изградба на куќа, колку долго ќе трае изградбата, кои документи се неопходни и каде да ги набавите, како да ги изберете вистинските градежни материјали и многу други, треба време за да одлучите  и која столарија ќе ја поставите.

Можете да ја направите вашата куќа енергетски ефикасен простор ако поставите ПВЦ столарија изработена во согласност со светските стандарди. Покрај изборот на ПВЦ профили, кои треба да бидат само со квалитет RAL класа А, голема улога за постигнување на добра изолација има и стаклото, како и ролетните кои создаваат дополнителен изолационен слој на вашите прозорци и врати.